(ВИДЕО) Жерновски: Избран сум и до крај ќе се борам против градежната мафија

0
988

Прес-конференција на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски:

Загриженоста на граѓаните за ДУП-от Дебар маало е целосно оправдана. Овие спорни објекти, предвидени од страна на претходното криминално раководство на Центар и актуелната Влада, се во целосна спротивност на она што јас и сегашнотo раководство на Центар го работиме – а тоа е повеќе зелени површини и нула толеранција на градежната мафија. Сакам јасно да им порачам на Дебар маалци дека мојот мојот став по ова прашање не се разликува од нивниот. Јас досега повеќе пати докажав дека работам транспарентно и исклучиво во интерес на граѓаните. Сакам да ја информирам јавноста за нашето делување по однос на овие прашања:

  • Плацовите на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, или познатиот ПУИГ, пред само месец и половина, во ек на летната сезона, или точно на 21 јули оваа година, со одлука на Владата, се утврдени како „градби од посебен интерес“, без да наведат што се спаѓа под некаков посебен интерес. Со одлуката потпишана од Ставрески, насилно и се одземаат ингеренциите на општината за било какво попречување на градбите. Еве го документот кој е потпишан од министерот Зоран Ставрески. Она што треба да одоговорат Ставревски и владата е следното: Какви се тие градби од посебен интерес кога со одлуката се предвидени станбени згради за домување на 5 ката? Што се крие зад оваа насилна узурпација на земјиштето и чии бизнис криминални интереси штити Владата? Само заради нивните бизнис интереси во општина Центар, сме сведоци на процес на централизација наместо на децентрализација. Само заради општина Центар и узурпација на земјиштето, законот е неколку пати менуван за да и се одземат ингеренциите на општината. Во среда, ќе одржам прес-конференција на прес-конференција ќе ја информирам јавноста за новиот Кинески ѕид во Градски парк. Општина Центар до Уставниот суд ќе поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на спорниот и криминален Законот за просторно и урбанистичко планирање од декември 2014 за утврдување на таканаречени градби од посебен интерес со изработување на Урбанистичко-планска документација, која според овој закон се донесува во процедура без да се вклучи јавноста на ниту едно ниво од постапката. Значи не е предвидена ниту јавна презентација, ниту јавна анкета
  • Ниту казните кои постојано ми се изрекуваат на мене и моето семејство, ниту притисоците кои ги вршат врз мене и соработниците, нема да ме предомислат во зацртаната цела, а тоа докрај да се изборам против градежната мафија.
  • Второ, имаше поплаки дека граѓаните не биле информирани за јавната анкета. Нивниот став го почитувам и затоа рокот на јавната анкета за ДУП-от Дебар маало го продолжувам за дополнитени 10 дена. Ги повикувам граѓаните да одат во ОУ Коле Неделковски и да го искажат своето мислење. Сите нивни мислења и сугестии ќе бидат вградени во новиот ДУП кој повторно ќе оди на јавна расправа по завршувањето на анкетата. Не е точно дека немало интерес и дека граѓаните не биле информирани. Ќе направам само една споредба, на јавната анкета во 2011, само општинската зграда, имало 0, значи ниту еден граѓанин не го пополнил анкетниот лист, во 2012 за целиот ДУП 40, а сега, има точно 301 поплнет анкетен лист со предлог и барање од граѓаните. Но, како што реков, рокот на јавната анкета за ДУП-от Дебар маало го продолжувам за дополнитени 10 дена.
  • Трето, јасно кажувам нова општинската зграда нема да градам, нема да има никаква 55 метарска кула, а целото зеленило останува.
  • Општината под мое раководство досега работеше и ќе работи во сојуз со граѓаните и нивните интереси. Затоа, ги повикувам на состанок сите невладини организации, здруженија и граѓани кои сакаат да се реши овој проблем. Веќе се договорив со со невладината Плоштад Слобода заеднички да го учествуваат во јавната анкета, да го разгледаме овој ДУП, но и сите наредни. Сакам заеднички да ги продискутираме можностите за делување и со здружени сили да се спротиставиме на градежното насилство. Повелете, заедно да поразговараме како да се спротиставиме на ова наметнато решение од власта и претходнот раководство, кое патем е незаконски донесено. Јавно кажувам дека ќе ги поддржам сите идеи и решенија по ова прашање кои се во интерес на граѓаните и општината. 

НОВИНАРСКО ПРАШАЊЕ: Кој е тој нов Кинески ѕид?

ОДГОВОР: На прес конференцијата во среда ќе дознаете која е вистинската намера на власта со законските измени и кој бил тој “посебен интерес“.

НОВИНАРСКО ПРАШАЊЕ: Граѓаните велат дека Ве бирале за да се борите со урбаната мафија?

ОДГОВОР: Точно е дека главен мотив за гласањето во три круга беше борбата и тоа заедничка против градежната мафија. Јас сум избран за тоа и до крај ќе се борам против нив. Општина Центар и да не го донесе ДУП-от, власта со криминалниот закон си создаде право кај ПУИК повторно да гради. Главен сојузник во борбата со оваа мафија ќе ни бидат граѓаните.