КОВАЧЕВСКИ : ЗАЕДНО СО МЛАДИТЕ ЌЕ ИЗДВОЈУВАМЕ НОВА ПОБЕДА, ПОБЕДА ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА

0
40

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, вечерва одржа координативен состанок со младите од Изборната единица 1 на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, на кој што се разговараше за ефектите од досегашните мерки за младите лица, за она што е потребно да се направи во иднина со цел подобрување на условите за живот на младите во држвата.

Ковачевски посочи дека токму Манифестот подготвен од Социјалдемократската младина на Македонија е добра основа и патоказ за идните политики за подобар живот на младите, перспективи и замисли за тоа каква држава им е потребна. Манифестот како што беше посочено на состанокот и од страна на СДММ, ги содржи основните темелни вредности на социјалдемократските политики за подобар живот на младите, како што се, универзален минимален приход за поголема финансиска стабилност на младите, плата за живот и пристап до квалитетни работни места за поголема финансиска независност.

Достапно, пристапно и квалитетно образование за сите млади, грижа за менталното здравје на младите, програми за финансиско јакнење на стандардот на младите, општество без корупција, достоинствено домување.Плата за живот – гарантирана плата за млади со можност за заштеда од 10% и други мерки, зголемување на износот на младинскиот додаток од 3000 денари на 5000 денари и други мерки.

Она што им е потребно на младите како кажа Ковачевски, е продолжување на европскиот пат, и тоа е можно само со победа на СДСМ и Коалицијата за европска иднина и претседателот, Стево Пендаровски, победа која ќе се извојува заеднички со младите.

На состанокот се разговараше и за финалните подготовки за претстојните избори, при што се констатираше дека СДСМ и Коалцијата за европска иднина, е подготвена за нова победа и формирање на новата проевропска Влада.