РАЗУМОТ ГО ПОБЕДИ ИНАЕТОТ ВО ГАЗИ БАБА, ДОНЕСЕН БУЏЕТОТ ЗА 2020-ТА ПО 1 МЕСЕЦ КОЧЕЊЕ ОД ВМРО ДПМНЕ!

0
1089

Буџетот на општина Гази Баба за 2020 година е едногласно усвоен од страна на Советот. Разумот го победи инаетот. Остана нејасно зошто беше потребно скоро еден месец блокада на буџетот, кога денес беше прифатен истиот предлог од претходно.

Буџетот на општина Гази Баба за 2020 година нуди развој еднаков за сите населени места. Содржи проекти кои ги решаваат децениските проблеми на граѓаните во населените места. Гази Баба оди кон подобро и запирање нема.

Ви благодарам драги сограѓани за целата поддршка која ми ја давате во овој период и за притисокот кој го направивте да биде донесен буџетот на општината за 2020 година. Заедно продолжуваме напред, реализирајќи ги сите предвидени проекти во буџетот за оваа година.

Фејсбук статус на градоначалникот на општина Гази Баба, Горче Георгиевски.