НЕДЕЛКОВСКА : ПАРИТЕ НА БИТОЛЧАНИ ОТИДОА, ВО ЗЕМЈАТА И СТРАНСТВО, ЗА ДОГОВОРНИ УСЛУГИ И РАЗНИ ТРАНСФЕРИ НА КОИ НЕ ИМ СЕ ЗНАЕ КРАЈОТ, ОПШТИНА БИТОЛА ЛАНИ ДОБИ 14 МИЛИОНИ ЕВРА, ПАРИ КОИ КОЊАНОВСКИ НЕ СЕ ЗНАЕ НА ШТО ГИ ПОТРОШИЛ

0
390

Пресконфернција на советничката на СДСМ и коалицијата, Кети Неделковска.

При усвојувањето на завршната сметка и извештајот за работа на
општината за 2022 година, продолжија жалопојките на градоначалникот
Тони Коњановски и на советниците од ДПМНЕ, како Владата ја
запоставува општината оти ДПМНЕ е на власт во Битола. Па, затоа немало
пари за школството, за справување со кучињата скитници и така натаму.

Но, ништо не може да ја скрие неспособноста на Коњановски и
коалицијата што раководи со градот. Најмалку нивните лаги дека се некој
друг е виновен што тие не знаат да работат и посветени се само на
безмилосно трошење на парите на битолчани.

Фактите се следни. За наменски дотации од државниот буџет, Владата на
Република Северна Македонија во 2022 година префрлила скоро 900
милиони денари. Поточно, 14 и пол милиони евра. Лани Битола добила
убедливо најмногу пари од Владата од било кога досега, но вистинското
прашање е за што ги потрошија Коњановски и компанијата околу него
овие средства.

Понатаму, Општина Битола лани добила повеќе пари од Владата од било
кога порано и по други основи, како што се ДДВ, закуп на земјоделско
земјиште, персонален данок, комунална такса за улично осветлување.
Владата предводена од СДСМ само по овие четири основи во 2022 година
префрлила над 4,7 милиони евра на Битола.

Почитувани битолчани,
Не е проблемот колку пари доаѓаат од државата во Битола, туку како се
трошат. Коњановски само лани потроши 30 милиони евра, ама не изгради
ниту спортски центар, ниту стационар, ниту училиште во Буковски ливади.
Стави само еден синџир кај Пионерски. Парите на битолчани отидоа за
патувања, во земјата и странство, за договорни услуги и разни трансфери
на кои не им се знае крајот.

Колку и да му префрли Владата на оваа
гарнитура предводена од Коњановски, тие ги трошат парите безмилосно.
Полошо дури и од времето на Владимир Талески, а мислевме дека Двојче
е поим за криминал и популизам.