Погледнете го слоганот на Орка Холдинг, создавале вредности за иднината, но чија иднина, на народот и државата или за фамилијата на Орце Камчев и фамилијата на власт?!

0
1017

Компанијата Орка Холдинг слави 25 години постоење овие денови. Погледнете го провокативниот слоган на компанијата, вели СОЗДАВАМЕ ВРЕДНОСТИ ЗА ИДНИНАТА.

orka ognomet

Прекрасно! Но за чија иднина? Како компанија која го поседува МПМ и има неофицијално сопствеништво врз АЛФА ТВ и порталот Телеграф.мк и печатницата ГЦС, Орка Холдинг има многу срамна улога во она што се нарекува одбрана на еден режим кој работи за интересите на фамилијата на Груевски и блиската негова камарила. Сигурно и Камчев е добро награден за оваа соработка затоа што Орка Холдинг секој месец купува нова компанија и се шири во секој можен сектор и единствено засега не пенетрирале во индустријата за производство на алкохол и цигари ама не треба да се чудиме ако ознаеме и за таква аквизиција во периодот што следи.

Срамно е да се биде бизнисмен кој шурува со овој режим додека народот е газен и лажен и краден и измамуван. Горчливи се тие пари, со смената на власт Камчев ќе мора да трепери секое утро дали ќе дојде плавото комбе да го спакува. Батали бе тоа се крвави пари…