(ВИДЕО) ГОДИШНО ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА ВО СОБРАНИЕТО – Пендаровски: Да не дозволиме полуписмени и шарлатани лекари да влијаат на одлуката за вакцинацијата

0
1172

Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски во обраќање во Собранието изјави дека не смееме да дозволиме полуписмени и шарлатани лекари да влијаат во одлуката за вакцинацијата.

„Нашата најважна задача по Ковид пандемијата е да направиме анализа за функционирањето на правниот поредок. На почетокот на следната година ќе донесам одлука за јавна дебата за управување со кризна и вонредна состојба. Во однос на ограничувањето на движењето и социолошки односи, потфрливме, со оглед на тоа дека психолошки лошо ваквите принудни мерки влијаеа на граѓаните. Со тоа се создаде недоверба во институциите, па оттаму нас не очекуваат негативни кампањи за вакцинирањето. Полуписмени и шарлатани од лекари не смееме да дозволиме во 21. век да влијаат во одлуката за вакцинација “, вели претседателот.