МИЦКОСКИ СО ЦЕЛ ПАМЕТ ПОВИКУВА ДА СЕ БИРА ПОМЕЃУ ЕУ И БРИКС : СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ СЕ РЕФЕРЕНДУМ ЗА ТОА КАДЕ ТРЕБА ДА СЕ ДВИЖИ МАКЕДОНИЈА

0
749

„Важно е да се запали црвената сијаличка, веќе не сме 5 до 12, можеби е 12 и 30 и сега е вистинскиот момент да сите ние направиме нешто за иднината на нашата татковина Македонија“.

Ова меѓудругото го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на средба со граѓани во Миравци.

– Ќе има многумина кои ќе сакаат да ве демотивираат, да ве обесхрабрат, ќе има многумина кои ќе ви велат дека „секако ВМРО-ДПМНЕ победува, до мојот ли глас дошло?“. До секој еден глас е дојдено, до секој еден човек е дојдено затоа што следните избори и претседателски и парламентарни се референдумско изјаснување во која насока ќе движи Македонија и каква иднина ќе има Македонија – изјави Мицкоски.

Тој посочи дека прашањето е дали сакаме ваква предводена од СДС и ДУИ полна со криминал, корупција, политички криминалци кои наместо да гледаат за иднината на својот народ, гледаат само за сопствената иднина и џеб или иднина која ВМРО-ДПМНЕ ја ветува со јасен план за развој и економски просперитет.

– Дали иднината повторно ќе продолжи да ни биде онаква каква што изминативе години ја симболизира преку она што се симболизира преку она монструозно и грозоморно дејство на Клиниката за Онкологија, каде поединци на маката на луѓето печалеле или иднина која ние ја нудиме со јасен план и визија за едно модерно вистинско здравство кое ќе одговори на потребите на граѓаните, потенцираше Мицкоски.