ЈСП : ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ УТРЕ ЌЕ ФУНКЦИОНИРА БЕЗ ЗАСТОИ, ПРИЧИНАТА ЗА ШТРАЈК НА СИНДИКАТОТ Е НЕЛЕГЕТИМНА

0
640

Функционирањето на јавниот градски превоз ќе функционира редовно и без задршки и покрај наводите на одредени медиуми и структури дека Скопје утре ќе остане без јавен превоз, се вели во реакцијата на ЈСП објавена на нивниот фејсбук профил околу утрешниот најавен штрајк во ова јавно претпријатие.ЈСП Скопје категорично ги отфрла обвинувањата за дискриминација по етничка основа во случајот со студентот Сирхан Усеин и двајца контролори, што се случил на 9.02.2020 година во 10:45 часот
-Сакаме да потенцираме дека причината за штрајк на новоформираниот синдикат, четврти по ред, е нелегитимна бидејќи од 1 јуни зголемена е платата на сите вработени во ЈСП. Апелираме, медиумите и синдикатите да не дозволуваат да бидат инструментализирани од политиканти и политички бандити, посочуваат од ЈСП во објавата.

Елизабета Тошевска, претставник на Синдикатот Спајс при ЈСП, претходно во изјава за МИА рече дека автобусите на ЈСП утре ќе возат по редуциран возен ред, бидејќи вработените ќе штрајкуваат пред управната зграда на јавното претпријатие од 4:30 часот до 12:30 часот..

Таа потенцира дека вработените ќе штрајкуваат поради, како што рече, неисполнетите барања и игнорантскиот однос на раководството на јавното претпријатие околу барањата содржани во Колективниот договор. Тошевска вели дека овој чекор го преземаат бидејќи, како што рече, нема усогласување на минималната плата со Колективниот договор на ниво на работодавач, односно зголемување за 2.170 денари за вработените во претпријатието, како и дека има кршење на правата од работен однос и безбедност и здравје при работа.