(ФОТО МИЗЕРАЛЕ) ПОРАДИ ВАКВА СТОКА НАПУВАНА И НЕИЗЖИВЕАНА НАРОДОТ ТРПИ КАРАНТИН И ШТЕТА ВО ЖРТВИ : ВО СКОПЈЕ ЗАТВОРЕНИ НЕКОЛКУ ЛОКАЛИ КОИ ПРАВЕЛЕ ЛУДИ ЖУРКИ БЕЗ МАСКИ И БЕЗ ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРОТОКОЛИ

0
1804

Вечерва нешто пред 21 часот пазарните инспектори празнеа неколку познати скопски кафулиња каде се одржувале луди журки, со многу гости и без почитување на протоколи.

Станува збор за „Три китчен“ како и Интермецо, кои се испразнети без асистенција од полицијата.

Затворена е и една игротека во Скопје заради непочитување на протоколи и славење на роденден со присуство на повеќе гости.

Вечерва инспектори од ДПИ затворија е еден угостителски објект во трговскиот центар Мавровка во Скопје. Овие кафулињата поради вечерашната посета од инспекторите ќе бидат затворени од 10 до 30 дена и ќе заработат казна од 5.200 евра.

Со месеци, поради ковид протоколите за работа на угостителските објекти забрането е да се прават забави, да има жива музика и да се пушта гласна музика. Меѓудругото, забрането е стоење на шанк и на високи маси, додека на една маса може да седат само по 4 лица и треба да се оддалечени најмалку 1,5 метар./

Извор : Слободен печат