СДСМ : МИЦКОСКИ Е ДИРЕКТНО ОДГОВОРЕН ЗА ТОА ШТО СКОПЈЕ СЕ ДАВИ ВО ЃУБРЕ, А ПОТОА ГЛУМИ ЗАГРИЖЕН

0
655

Христијан Мицкоски, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ е директно одговорен за тоа што Скопје се дави во ѓубре, соопшти владејачката СДСМ.

„Затоа Мицкоски излегува и глуми загрижен, неговото појавување покажува дека знае, негова е одговорноста за хаосот во Скопје со ѓубрето. Неспособната локална власт на ДПМНЕ создаде невиден хаос, Скопје со денови се гуши во ѓубре“, стои во соопштението од СДСМ.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски синоќа излезе со дел од скопските градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ кои се саморганизираа да го исчистат ѓубрето, откако неколку дена вработените во ЈП„ Комунална хигиена“ протестираа и не го собираа сметот од скопските улици.Според Социјалдемократите, Мицкоски е тој што бараше гласови од граѓаните за ДПМНЕ и за Арсовска и заедно ветуваа модерно Скопје.

„Но скопјани добија загаден, нечист, нефункционален град кој не може со ѓубре да излезе на крај, а не да се развива.

Неспособноста и неработата на градоначалниците на ДПМНЕ во другите општини во Скопје се исто така дел од проблемот во главниот град. ДПМНЕ го има мнозинството во советот, управните одбори се сите во нивни рацете.

Дури и Мазнева е кадар на Мицкоски, поранешна пратеничка на ДПМНЕ која на директорското место дојде од неговиот кабинет каде беше негова советничка“стои во соопштението на СДСМ.Според Социјалдемократите на Скопје секогаш му се случува хаос кога ДПМНЕ ќе добие глас од граѓаните за да биде власт.
Со чистење на ѓубре Мицкоски и ДПМНЕ не можат да се снајдат а не со нешто повеќе“, соопшти СДСМ.