Канзуров : Дали реформаторите во ДПМНЕ-Ваљево, ја поддржуваат арканијадата и шизофренијата на нивната партија, или, ќе одат со премиерот Заев во Благоевград?!

0
1724

Пропагандата на шизофреничните, антимакедонски четнички орди од ДПМНЕ-Ваљево, преку ова нивно сајтче и со ваквиот тенденциозен наслов, сака да импутира предавничка постапка на македонскиот премиер Заев, повикувајќи се на југокомунистичкото „предзнаење“ на читателите, според кое, организаторите и учесниците во Илинденското востание, не биле, тоа што биле, и се, за целиот свет – Бугари (бидејќи самите така се декларирале), туку, да ми ти биле со идентитетски и „културолошки“ код, како денешните членови на ДПМНЕ-Ваљево, па востанале, за во 2018 година, припадниците на партијата на Мијалков, Груевски и на војводата-професор на Машинскиот факултет Мицко Крстић, егзалтирани од радост, слободно да одат на илинденски (празничен?!) концерт на четникушата Цеца Арканица, во Охрид.

Навистина, такви да ми ти биле илинденци, со идеалите на Аркана задоени и со целосна шизофренија во главите, како кај функционерите, членовите, симпатизерите и гласачите на денешното ДПМНЕ-Ваљево, ем да се викаат „ВМРО-ДПМНЕ“, ем да се максимално можно, идеолошки и национално, спротивставени на идеалите на историските ВМОРО и ВМРО, згора, и да си ги бројат конгресите, надоврзувајќи ги на оние одржани од овие организации…

Ги повикувам припадниците на реформаторското крило во ДПМНЕ-Ваљево и членовите на нивниот Патриотски институт, да се осмелат и да направат чекор, да излезат од комфорната (т.е. конформистичка) зона, во која се наоѓаат, та, не само да се придружат, на, предвиденото да се одржи пред паметникот на Гоце Делчев, заедничко бугарско-македонско чествување во Благоевград (кое, не негира ниту еден, денес, веќе оформен идентитет), ами, да се изјаснат конечно, јавно, јасно и гласно, дали се на линија на југокомунистичките „историографски“ лаги и на изолационистичката политика на партијата, на која ѝ припаѓаат, или, се прозападно и вистинољубиво – во однос на историските факти – ориентирани…!?!