МИЦКОСКИ : СО ПЛАТФОРМАТА 1198 ДО 55 ИЛЈАДИ РАБОТНИ МЕСТА, ПОНИСКИ ДАНОЦИ ЗА ФИРМИТЕ И ГРАЃАНИТЕ

0
180

– Со платформа 1 198 се обврзуваме на раст на БДП до 5% годишно, ниска стапка на инфлација не повеќе од 2,0%- 2,5% годишно, буџетскиот дефицит постепено ќе се намалува на ниво под 3,0% од БДП, намалување на невработеноста до 7,5% односно создавање на нови 55 илјади работни места, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски исто така најави намалување на даноците односно Македонија да биде меѓу земјите со најниски даноци за фирмите и граѓаните.