Мијалков ја предупредува Јанкуловска: Отвори очи, да не се зафркнеме!

0
1054

jankulovska-mijalkov

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Попоски

ГЈ: Да.
НП: Еј Горде, здраво. Никола.
ГЈ: Здраво Никола.
НП: Горде, само што излагам од кај човекот сега. Можеш да збориш?
ГЈ: Да бе да, на работа сум.
НП: Да, а вакво. Направивме муабет значи. Прво за ова што ми кажа ти, му кажав. Ми рече дека се нафаќа да разговара за опозиција да го поддржи ова, измените. Му објаснив дека проблемот е тоа со Комисијата, дека ти имаш во предлогот доставено да може да доаѓа ненајавено, ама комисија.
ГЈ: Да де, полн состав.
НП: …. а не индивидуално, екскурзии да се прават таму. И дека вака може да предизвика проблеми и дека сега тоа е ставено како некоја уцена дали ќе помине законот или не. Вика: разбирам, не би требало да е така. Се нафаќа да прави муабет, значи.
ГЈ: Е па добро, супер.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

СМ: Ало.
ГЈ: Ало, што правиш Сашо?
СМ: Ништо Горде. Еве излегов малце, па на една пијачка, имам некој роденден.
ГЈ: На здравје да ти е.
СМ: Фала.
ГЈ: Слушај, многу да не те гњавам, една консултација, последна за законов. Јас си ја фатив работава…
СМ: Да, добро.
ГЈ: Значи, комуњариве има шанси да прифатат. Сега и со Трајко зборевме, пошто он од една, ја од друга ги притискаме. Една опција, што мислам дека е океј, ама да се преслушам и со тебе. Практично целиот тој став кај што пишува дека Комисијата ненајавено, во полн состав може да дојде во МВР, да го избришеме.
СМ: Да.
ГЈ: Тоа значи дека не е ненајавено, мора да се најават. Само да, таму има во Законот нели, надзор врши Комисијата формирана од Собрание, во самиот Закон има како е составена. Само да го додадеме тој членот од Деловникот, дека одлуката ја носи со мнозинство гласови, што и сега е така. И со тоа…
СМ: Која одлука ја носи? Одлуката за што?
ГЈ: Одлука да врши надзор над УБК.
СМ: Аха, со мнозинство гласови.
ГЈ: Ама они и сега така ја носат.
СМ: А мнозинство има кој? Ние.
ГЈ: Не, мнозинство они имаат.
СМ: А, они имаат. Добро, значи они можат да ја носат…добро
ГЈ: Да де да, ама знаеш мора да се најават.
СМ: Па не знам, дај да ја видиме целата реченица како ќе биде и да ја споредиме со тоа како е сега.
ГЈ: Сега ќе ти ја кажам, да отворам само на компјутер. Практично они, демек сега што би бил договорот, нели ние во тој дел им се буневме, договорот би бил они да отстапат од тоа во полн состав и ненајавено, ама сега да не биде ептен бламирачки, целосно да го избришеме, знаеш. Пошто знаеш, нема како…
СМ: Да, ама ако не пишува дека треба да се најават тоа исто така може да значи и дека не треба да се најават.
ГЈ: Да, ама тогаш не мораш да ги пуштиш. Како што е сега, сфаќаш? Они сега носат одлука, и те известуваат дека ќе вршат надзор. Ако ти дојдат ненајавени, ќе им кажеш не знам ја дека сте донеле таква одлука. И сега е така, како Тито што правеше. Нели ми пуштил писмо…
СМ: Е…
ГЈ: ја ако му одговорам, ќе му одговорам, зависи како ќе процениме…
СМ: А во што е промената тогаш? Зошто го менуваме тој член?
ГЈ: Е па зашто? Затоа што сме се фатиле на орото со овие, со Европска комисија.
СМ: Па не мора да го менуваме членот уопште.
ГЈ: Е па знаеш што е работата, сега они тоа као што им е на нив оправдување, демек они сега јако загризаа за тој член, и јас им предложив целосно да го избришеме тој член, да го нема. Ама викаат ептен, ние месец дена дискутираме во Собрание за тоа и сега ептен политички не може да се оправдаме, знаеш. Сега ќе ти го прочитам како е членот.
СМ: А па кој па нив ќе ги праша нешто за они да се правдаат, жити мајка, политички?
ГЈ: А бе види…
СМ: Кој па…цела држава само за тоа збори, па они треба да се правдаат!?
ГЈ: А бе тоа се е така, ама проблемот е што нас ни требаат да го изгласаме, знаеш. Сега вика…
СМ: И добро, како ќе биде, ајде.
ГЈ: Значи сега вика: За вршење надзор од член 35, а член 35 е тој член кај што вика дека „Специјална комисија формирана од Собранието врши надзор, Собранието од редот на пратениците основа комисија составено од претседател, четири члена, заменик претседател и четири заменици членови.“ Тоа е постоечкиот член. „Претседателот на Комисијата од став 1 на овој член, е од редот на политичката партија од опозиција, што на последните избори толку и толку освоила“ – се дефинира најголемата опозициона партија.
СМ: Ало.
ГЈ: И сега одлуката ја носи комисијата со мнозинство гласови, така ќе биде.
СМ: Значи, тоа значи дека треба да се донесе одлука.
ГЈ: Да, одлука
СМ: Со мнозинство гласови.
ГЈ: Одлука во самата комисија.
СМ: А кога веќе ќе се донесе одлука, треба да не извести за таа одлука.
ГЈ: Да де да. Е па тоа е поентата.
СМ: Добро. И сега што е промената?
ГЈ: Е па ништо, претходно…
СМ: Ова е постоечкиот Закон што ми го кажа сега.
ГЈ: Да. А ние имаме…
СМ: А во новиот Закон што ќе има?
ГЈ: Во новиот ние, во тој основниот текст пишувавме дека Комисијата може да врши надзор без најава, во било кое време…
СМ: Е добро, ќе го избришеме тоа. Сега што ќе стои?
ГЈ: И тоа ќе го избришеме, и ќе остане дека Комисијата носи одлука со мнозинство, тоа е во новиот член.
СМ: Па и во стариот беше дека носи со мнозинство.
ГЈ: Не, у стариот тоа со мнозинството не го пишуваше во Законот, у Деловник го пишуваше.
СМ: Кога треба да им се одговори?
ГЈ: Е па сега, вечерва. Пошто утре сабајле има Комисија. Знаеш…
СМ: Вака сега Горде. Најрелевантен, најрелевантно сега овдека не можам да донесам, зошто не ја гледам целата реченица од стариот и целата од новиот. Но, ако ти цениш дека нема да има суштинска промена во таа смисла на зборот, односно во смисла на зборот дека они нема да можат да вршат контрола ненајавено…
ГЈ: Ненајавени нема да можат.
СМ: Тоа е. Да донесат одлука, која што ќе треба одлука нас да не известат за таа одлука…
ГЈ: Да де да.
СМ: А истовремено тоа значи дека не известуваат дека прават контрола.
ГЈ: Така, така.
СМ: У тој случај, нека иде тоа така и готово.
ГЈ: Оти знаеш што е…
СМ: Само, комуњари се комуњари. Ако успеат да се сложат, малку ми е тоа сомнително. Така да, ништо…
ГЈ: Не бе знаеш што е работата…
СМ: Отвори очи, да не се зафркнеме.