МИЦКОСКИ : НА СДС, ДУИ И АЛИЈАНСА ИМ ПОСАКУВАМ ДОЛГИ ГОДИНИ ВО ОПОЗИЦИЈА ЗА ДА МОЖЕ ДА СЕ РЕФОРМИРААТ И ДА ИЗЛЕЗАТ ОД ПРЕГРАТКИТЕ НА КРИМИНАЛЦИТЕ

0
324

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска пред почетокот на лидерската средба во македонското Собрание, имаше изјава за медиумите при што одговараше и на новинарски прашања.

Мицкоски, меѓу другото, беше прашан дали ако Социјалдемократскиот сојуз се договори со Демократска Унија за Интеграција и Алијанса за Албанците се договори да одат заедно на парламентарните избори, може да се очекува ВМРО-ДПМНЕ да оди заедно со албанските опозициски партии.

Мицкоски истакна дека на нив им посакува долги години во опозиција за да можат да се реформираат и да излезат од прегратките на криминалците во кои се наоѓаат изминатите години кои се на власт.

„Тоа е нивна одлука. Јас им посакувам среќа, им посакувам долги години во опозиција за да може да се реформираат и реструктуираат и да излезат од криминалната матрица и прегратките на криминалците во кои што се наоѓаат изминативе шест години“, рече Мицкоски.