Заев: Мерките на СДСМ обезбедуваат 200 милиони евра за помош на работниците и економијата, сите мора рамноправно да го понесеме товарот од кризата

0
852

Чесно и храбро водејќи се од државниот интерес мора да кратиме од непродуктивните трошоци, да се скратат платите на администрацијата, сите рамноправно и солидарно мора да го понесеме товарот од кризата, истакна претседателот на СДСМ Заев во гостувањето во Утрински брифинг.

Популистите се ориентирани на политички поени и ги отфрлаат ваквите предлози затоа што калкулираат, но некој треба да се грижи за иднината на државата, кога доаѓа тешко време некој треба да ги соопшти и не така благопријатните одлуки, нагласи Заев.

Главна цел на мерките предложени од СДСМ е помош за економијата, која се состои од 200 милиони евра за поддршка на работниците, за зачувување на работните места и помош за економијата. Овој пакет мерки ќе се финансира од заштедата и од кратење на непродуктивните трошења, порача Заев

Вака ќе успееме да се справиме со кризата, бидејќи приходите на државата паднаа драстично и тоа граѓаните треба да го знаат. Ќе фалат околу 60 %, граѓаните не трошат, фирмите се затворени, хибернираат, транспортот е преполовен, нема ДДВ, не се плаќаат ниту дел од сметките. Ако тоа не го признаеме значи дека сме само популисти кои ги интересираат само политичките поени. Кратењето мора да се случи секаде. Намалувањето за 60 отсто на приходите значи недостаток на 2,2 милијарди евра за да ги финансираме сите расходи проектирани во Буџетот. И да најдеме 1,2 милијарди преку кредити, сепак ќе треба да скратиме и една милијарда од дома, порача Заев.