МИРАКОВСКА: ЗА ЧЕТИРИ ГОДИНИ ЌЕ ВЛОЖИМЕ 800 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

0
946
„Во изминатиов период вложивме над 430 милиони евра во земјоделството, за земјоделците да добијат повисоки цени, за да биде испочитувана нивната работа, за да може да обезбедат поквалитетни производи. Истото ќе се случува и во следниот период, на годишно ниво над 200 милиони евра ќе враќаме во земјодлеството или за четири години тоа ќе бидат 800 милиони евра“, вели Соња Мираковска, потпретседателка на НСДП и носителка на листата за пратеници од коалицијата „Можеме“ во четвртата изборна единица.
Мираковска истакнува дека во секое населено место каде што земјоделството е основна гранка ќе има канцеларии кои ќе бидат сервис на земјоделците за да може да конкурираат во ИПАРД фондовите, да може да стигнат и до европските пазари и до оние средства кои ќе им бидат достапни преку државата.