МИЦКОСКИ : БИ САКАЛ ДА ОДГОВОРАТ ОПОЗИЦИСКИТЕ ПАРТИИ ДАЛИ ЌЕ ПОВИКААТ ДА ИЗЛЕЗАТ ЗА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА И ДАЛИ ЌЕ СЕ ОБЕДИНИМЕ ПРОТИВ ОВАА ВЛАСТ

0
120

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „360 степени“ на МРТ истакна дека очекува опозициските партии да одговорат дали ќе повикаат, односно ќе дадат совет до своите поддржувачи во вториот круг да го дадат својот глас за Гордана Силјановска Давкова и конечно да има обединување против оваа власт.

– Би сакал да слушнам одговор на две прашања и тоа е легитимно. Првото е дали ќе ги советуваат граѓаните кои го дале за нив гласот да излезат во вториот круг на претседателските избори и ако е одговорот да, тогаш каков ќе биде нивниот совет за кого да го дадат својот глас. Дали за Стево Пендаровски или за Гордана Силјановска Давкова, бидејќи логиката вели дека ако сте антивладин глас и ако антивладино гласате, тогаш логиката вели за Гордана Силјановска Давкова треба да гласате, изјави Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ова го очекува од сите кандидати кои се претставува како антивладини, односно покрај Максим Димитриевски, и од Арбен Таравари и од Билјана Ванковска и од Стевчо Јакимовски.

– Ние имаме јасна позиција, човек кој излегол пред граѓаните со својот авторитет и пораки со своја политика и своја стратегија за понатаму. Тој не е небитен, неговиот став е битен. Неговата порака и став се важни за симпатизерите кои го дале гласот за него, тоа не е морална или неморална постапка. Јас не велам дека некој од нив ќе ги донесе гласовите, туку легитимно е како учесници во процесот да дадат совет, нагласи Мицкоски.