РЕЖИМОТ ВРШИ ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА РДТ: Пред шалтерите гужви – илјадници граѓани ќе бидат блокирани!

0
1066

Забележително зголемен метеж пред шалтерите на Управта за јавни приходи и пред наплатниот пункт на МРТ. Истече рокот во кој граѓаните имаа можност да ги подигнат од УЈП Решнијата за присилна наплата на долгови по основ на радиодифузна такса. Сега, следува објава во Службен весник, по што ќе започне и операцијата на присилна наплата преку блокирање на сметки. На новиот септемвриски список на должници се регистрирани повеќе од 85 790 граѓани со доспеани долгови.

Списокот на должници – намален на 79 000 …

Изминатите денови дел од нив регирале и сега списокот на должници се намалил на 79 000. Од МРТ информираат дека операцијата за чистење на Регистерот се спроведува во континуитет.
Од друга страна, од Управата за јавни приходи потврдуваат дека вчера истече рокот за подигнување на Решенијата за присилна наплата.

“Доколку граѓани во овој период додека траеше објавата доставиле докази, документи дека немаат долгови по основ на РДТ, тогаш тие ќе бидат иземени од постапката за прислна наплата. Објавата на списокот на должници практично беше приод во кој обврзниците имаа можност да докажат дека платиле за да се избегне блокадата. На овој список се граѓани, должници од целата земја. УЈП практично објави список на сите оние за кои има уредна достава на решенија за присилна наплата“ – велат од Управата за јавни приходи.

Во случај граѓаните, односно обврзниците да се соочуваат со “дупло задолжување“, тогаш ваквите случаи треба да ги пријават директно во МРТ.

“Операцијата за чистење на Регистерот на обврзници на МРТ се спроевдува постојано, односно од таму до УЈП доставуваат податоци за корекции, односно елиминирање на грешки, по што УЈП постапува во согласност со правилата и ги корегира податоците“, објаснуваат од даночната управа.

Трошоците за деблокада – на товар на обврзниците ..

Од даночната управа ги повикаа граѓаните кои се наведени на должничката листа најдоцна до 13 септември да ги подигнат Решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса во просториите на УЈП, во надлежната Регионална дирекција, според место на живеење.

“Доколку должникот – обврзник на радиодифузна такса наведен во „Листата за уредна достава на решенија за присилна наплата на радиодифузна такса“ бр.22-5344/1 од 02.09.2016 година не се јави и не изврши прием на Решението во наведениот рок, Управата за јавни приходи ќе изврши и еднократна објава во „Службен весник на РМ““ – се наведува во известувањето на УЈП и се додава:

“По објавата во „Службен весник на РМ“ ќе се смета дека е извршена уредна достава на Решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса од Листата објавена на веб страницата на УЈП, а сите евентуално негативни последици кои би можеле да настанат од неподигањето на решението и спроведување на постапката за присилна наплата ќе ги сноси обврзникот за радиодифузна такса“

Пораст на бројот на поплаки од граѓаните …

Остри критики за начинот на наплата, на крајот од минатата година упати Народниот правобранител. Според поплаките од граѓаните што стасале на адреса на канцеларијата на правобранителството, имало бројни примери на жалби поарди неоснована наплата на РДТ на лица кои повеќе од две децении не живеат во земјава, а мора да ја плаќаат давачката.

Потоа , двојна наплата на такса – во едно семејство и по двајца обврзници.

“РДТ се наплаќа на иселеници кои и по повеќе од две децении живеат надвор од земјава но и од социјално ранливи категории на граѓани. Итно е потребно да се прочисти регистерот на обврзници за да се поштедат граѓаните од дополнителните трошоци“, рече народниот правобранител Иџет Мемети.

Побара итно да се обноват списоците на обврзници и обвновени и ревидирани до се доставата до УЈП со цел да се елиминираат грешките, а со тоа да се поштедат граѓаните од дополнителни трошоци не само за такса, туку и за блокада на сметките. Во 2013 година поради лошиот начин на формирање регистар на должници до народниот правобранител биле поднесени 100 поплаки.Во 2014 нивниот бројот се зголемил 4 пати а годинава бројот се зголемил за 100 %. Поради влошување на состојбите,Народниот правобранител до владата и парламентот доставил посебен извештај со предлог мерки за подобрување на состојбите.

На крајот од 2015 година започна операцијата за прочистување на списоците, поради што имаше и задоцнување во испораката на сметките. Од УЈП тогаш потврдија дека причината е прочистувањето на списоците.

“Ве информираме дека поради потребата од дополнителни проверки на базите на податоци за РДТ и координативни активности со ЈП МРТ, решенијата за Радиодифузна такса ќе бидат доставени до обврзниците во наредниот период“, соопштија од УЈП.

СДСМ ќе ја укине РДТ, даночната управа бара да нема политизација

Присилната наплата предизвика реакции во јавноста. Опозициската СДСМ најави дека ќе ја укине таксата.
“После 11-ти декември никој повеќе во Македонија нема да плаќа радиодифузна такса. Ставаме крај на притисоците, блокираните сметки и стресот од извршителите за неплатените сметки од радиодифузната такса. Македонската радио телевизија ќе биде јавен сервис на граѓаните финансиран директно од Буџетот. Неодговорната власт преку УЈП ги толерира милионските долгови на МТВ за неплатени даноци, а се заканува со присилна наплата на радиодифузна такса на 85.000 граѓани!“ – се вели во соопштението на СДСМ.

На ова возвратија од Управата за јавни приходи од каде бараат да не политизира работата на даночната управа.
“Апелираме одредени политичкии партии да престанат да ги квалификуваат надлежностите на УЈП и спроведувањето на законот како закана за граѓаните, наместо да поттикнуваат политики и мерки за зајакнување на даночната дисциплина. Плаќањето на радиодифузната такса е законска обврска за граѓаните, а УЈП има обврска да ги спроведува законите. Да потсетиме, во изминатите години даночната администрација воведе и нови услуги со кои времето и трошоците за плаќање на оваа јавна давачка се намалени“, посочува УЈП во писмената реакција.

Во земјава има близу 500 000 обврзници и во однос на бројот на должници, скоро секој шести не ги плаќа сметките.
Додека по налог на МРТВ се спроведува и овој бран на присилна наплата, јавното радиодифузно дрштво се појави на најновата листата должници на државата, по основ на доспеани а неплатени обврски.
Д.А.