МИТОВСКИ : МИЦКОСКИ Е ВО ПАНИКА ДА НЕ БИДЕ РАЗОБЛИЧЕН, ЗАТОА СЕ ЧАЛАМИ НА ЖЕНИ И ДЕЦА

0
520

Мицкоски појма нема од историја на ВМРО, не знае основачите каде се, еднаш цитираше имиња од онаа серија “Сенки над Балканот”, вели Филип Петровски во денешната епизода на Тешки муабети.

– Тој не знае дека ни конгресите од 90-та навака каде се, не тие пред тоа. Му имаат кажано еве нашите го утепаа кралот, има песна за тоа и тој си го кажал, додава Митовски.

– Ќе објавиме записници, тие се силат на деца, на советникот од Карпош, праќале пораки, ова ќе ти биде последно и слично.

Имаат пратено порака од број регистриран на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, на советникот од Карпош.

Се чаламат на жени и деца, ама Адеми кога им влезе во Собрание ги полеваше како хризантеми.

Паниката е дека Христијан ќе биде разобличен, ќе излезе Ирена или детето, или Филип да збори, на тој начин се штити да не биде разобличен во своите бизниси и интереси, оттука јас го влечам континуитетот на Михајлов, тој бил колаборационист на нацистите, овој е колаборационист, вели Митовски.

Петровски додава дека Мицкоски според него не е толку интелигентен и дека кога ќе ја гледа денешната емисија ќе има можност да научи некои историски факти, па може и е се изненади.