Царинската управа го сузбива шверцот: Запленети 13 тони тутун и 16,5 тони цигари

0
1167

Околу 16,5 тони цигари и 13 тони тутун запленила Царинската управа. Тутунот е фатен на граничниот премин Табановце додека цигарите на Богородица, на излезот кон Грција. Ѓоко Танасоски, директорот на Царинската управа вели дека доколку цигарите односно тутунот биле продавани на домашниот пазар, штета за буџетот ќе била околу еден милион евра.

„Цигарите и режаниот тутун се акцизни производи, за кои се плаќа акциза, а кога ќе се најдат во малопродажба истите мора да бидат обележани со контролни марки. Контролните марки се потврда дека за тие производи се платени акцизата и останатите давачки на државата, но и дека е извршена контрола на квалитетот. Акцизите учествуваат со околу 22 проценти во вкупните даноци кои ги прибира државата, а во буџетските приходи акцизите учествуваат со 13 проценти, од кои над 5 проценти се од цигари и тутунски производи, вели Танасоски.

Цигарите кои се шверцувани се од кинеска марка „Ashima luhoru size“ и „Marble de luhe“.