Познатиот УФЦ борец Конор размислува да го купи Манчестер Јунајтед

0
820

Случувањата во елитниот фудбал – клубовите кои сакаа да формираат затворено натпреаврување само за богатите – Суперлигата се редата како на филмска ленат. Ед Вудворд одлучи да се повлече од Манчестер јунајтед после пропаѓањето на проектот со Суперлигата, а веднаш се појави информација дека семејството Глејзер ќе го продаде клубот.

По ваквите информации веднаш се огласи на социјалните мрежи познатиот УФЦ борец Конор Мекгрегор дека рсазмислува да го купи Манчестер јунајтед.

Мекгрегор без знаци дека се шегува и ги праша навивачите на „црвените ѓаволи“ што мислат за таа идеја.