МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ : ПОТВРДА ЗА ПОЛИТИКИТЕ ОД „СТАНДАРД И ПУРС“ – ЕКОНОМИЈАТА ЌЕ СЕ СТАБИЛИЗИРА, ФИСКАЛНАТА КОНСОЛИДАЦИЈА ПРОДОЛЖУВА, ДОЛГОТ ЌЕ СЕ ОДРЖУВА НА СТАБИЛНО НИВО

0
422

29 јули 2023, Скопје – Економскиот раст во земјава на среден рок ќе се стабилизира, значаен имплус ќе даде приватната потрошувачка и инвестициите, вклучително и капиталните инвестиции. Дополнително влијание врз економските перспективи ќе има и напредокт во ЕУ интергацијата, која ќе придонесе и за зајакнување на структурните и институционалните капацитети. Земјата ќе продолжи со фисклната консолдацијанамалување на инфлацијата и заштита на финансиската стабилност, како и со структурните реформи, а долгот ќе се одржува на стабилно ниво.

Ова е нотирано во најновиот извештај на Агенцијата „Стандар и Пурс“ која го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија ББ- со стабилен изглед. Особено е значајно што кредитниот рејтинг ББ- со стабилен изглед кој РС Македонија го има во континуитет од 2013 година е задржан и покрај здравствено-економската криза, како и ценовната и енергетска криза.

Агенцијата нотира дека e значајно да продолжат напорите за структурни реформи, зајакнување на институционалните капацитети при истовремена консолидација на одржливите фискални политики, што може да придонесе и за зголемување на рејтингот. . Кризата во 2023 година ќе има се уште влијание, но сепак буџетскиот дефицит очекува да биде понизок во однос на 2022 година на ниво од 4,4 %, кое е пониско од владините проекции (4,6 %). Донесениот Закон за буџети, сметаат од Агенцијата, ќе помогне во забрзување на фискалната консолидација. Владата е насочена кон намалување на трошоците, а даночната реформа се очекува да ги зајакне приходите. Државниот долг на среден рок се очекува да се стабилизира.

Во извештајот се посочува дека Владата е посветена на одржување на атрактивноста на земјата за странски директни инвестиции.Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа, и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.   Претходно РС Македонија и политиките на Владата добија потврда од Агенцијата „Фич“ која го ревидираше изгледот на кредитниот рејтинг на земјава од негативен во стабилен.