„СЕ ЗНАЕЛО ДЕКА СЕ НАСИЛНИ КРИМИНАЛЦИ, НО НЕ БИЛЕ ВО ЗАТВОР – ЦЕНАТА ЈА ПЛАТИ ВАЊА“, АГЕЛЕР ПОВИКА ИНСТИТУЦИИТЕ ДА СЕ ЗАПРАШААТ ШТО МОЖЕЛЕ ДА НАПРАВАТ ЗА ДА ЈА СПАСАТ УБИЕНАТА ДЕВОЈКА

0
465

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, во емисијата „Стадион“ на Канал 77, упати остри критики до македонските институции за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Таа посочи дека институциите биле свесни дека осомничените биле криминалци – но не ги санкционирале. Таа посочи: „Вања ја плати цената“.

„Дозволете да ви кажам искрено, како што претходно денес реков, системот не успеа да и помогне на таа млада девојка. Се работи за криминалци за кои се знаело дека се криминалци, дека се насилни и не се во затвор. Не биле претходно апсени и затворени. Не биле апсени и гонети за нивните претходни злосторства, не морале да ја платат таа цена, па цената ја плати една млада девојка. Вања ја плати цената“, рече амбасадорката Агелер за „Стадион“.

Таа додаде дека институциите треба да се погледнат себеси и да се запрашаат дали можеле да ја спасат Вања.

„Апасолутно е срцепарателно. Апсолутно е срцепарателно. Сега не е време за политизација, туку време за институциите да фрлат еден безмилосен поглед на себе и да се прашаат: ‘Што можевме да сториме за да ја спасиме оваа млада девојка и сите други деца во земјава?’, ‘Зошто дозволуваме криминалците слободно да се движат и да вршат злодела врз кого било во државата?’. Ова е трагедија“, додаде таа.

Извор : Скопје1