БУГАРСКОТО МНР : ВО СТРУГА НАПАДНАТ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА БУГАРСКИОТ КЛУБ ВО МАКЕДОНИЈА – СОФИЈА ИСПРАТИ СВОЈ ПРЕТСТАВНИК

0
382

Бугарското министерство за надворешни работи добило информација дека во текот на вчерашниот ден бил извршен напад врз копретседателот на здружението на Бугарите во Македонија „Шемето“, Бекир Кадриески жител на селото Лабуништа.Од таму информираат дека по информациите за инцидентот во Струга веднаш бил испратен вработен во Генералниот конзулат во Битола, за да го расчисти случајот и да се установи дали овој инцидент има етничка позадинa.

Кадриески, за „Нова.бг“ изјавил дека бил соборен на земја, удиран со клоци и навредуван по етничка основа со зборовите „валкан Бугарин“.
Како што пишува бугарскиот портал, Кадриески е државјанин на Република Македонија, и иако не поседува бугарски пасош, неговиот став е дека има бугарски идентитет.

Со осуда за настанот се огласи и партијата ГЕРБ на Бојко Борисов од каде експресно оценија дека станува збор за „неиспровоцираното насилство“.
Потврда за инцидентот има и од СВР Охрид од каде велат дека работат откривање на сторителот и мотивот, како и дека лицето кое било нападнато веднаш по инцидентот е хоспитализирано во локалната болница.