„Орденот за заслуги за Република Северна Македонија“ со којшто вечерва беа одликувани Влатко Стефановски, Бодан Арсовски, Кокан Димушевски и Гаро Тавитјан е признание за извонредното, автохтоно и уникатно музичко творештво во рамките на џез-рок групата „Леб и сол“, како и за нивните значајни солистички постигнувања. Им честитам!
И им посакувам многу понатамошни успеси на Бодан, Кокан, Влатко и Гаро кои го афирмираа и издигнаа македонското музичко творештво на меѓународната сцена, инспирирајќи со својот уникатен музички микс како вечна културна вредност.