ШИЛЕГОВ: СКОПЈЕ МОРА ДА ПРОДОЛЖИ НАПРЕД, ЗАРАДИ НОВИТЕ ПАРКОВИ, ВЕЛОПАТЕКИ И ПОЧИСТИОТ ВОЗДУХ

0
504

Во своето вечерашно обраќање пред граѓаните во скопската општина Карпош, градоначалникот на Скопје ја побара поддршката за вториот круг потсетувајќи на бројните реализирани проекти од градската зелена агенда.

– Се сеќавате ли дека во 2017 година главна тема на изборите беше аерозагадувањето. Сега бројките покажуваат далеку почист воздух. Започнавме војна со загадувањето со воведување на нови 40 мерки. Со субвенциите на инвертер клима уредите ги заменивме старите печки на дрва и само заради тоа во Скопје денес чадат 8.000 оџаци помалку во однос на претходно, нагласи Шилегов.

Тој додаде дека со субвенциите за велосипеди и тротинети Скопје денес е побогато за 15.000 велосипеди и над 600 тротинети, а скопската мрежа на велосипедски патеки го надмина 115-тиот километар. Потсети е на поврзувањето со конектори на главните велосипедски рути и на новите апхил и даунхил велосипедски патеки за љубителите на екстремните спортови на Водно.

– Подигнавме над 100.000 м2 зеленило, а дивите депонии и дивите паркиралишта ги претвораме во паркови. Див паркинг во кал беше денешниот парк Ибни Пајко, погледнете го денес колку е убав. Депонија беше паркот во Мичурин и паркот во Кисела Вода. Покривот на ГТЦ беше детектиран како т.н. топлотен остров, сега е полн со луѓе и зеленило, додаде градоначалникот Шилегов барајќи ја поддршката од граѓаните за втор градоначалнички мандат за да може, како што кажа, Скопје да продолжи напред.