Извештајот на СЈО вo понеделник пред пратениците

0
885

Вториот извештај на Специјалното јавно обвинителство в понеделник, во 12 часот, ќе се најде на пленарна седница на Собранието.

На веб-страницата на Собранието закажана е седница со само две точки на дневен ред, односно извештајот на СЈО и годишниот извештај за работата на јавните обвинителства во Македонија.

Извештајот најверојатно ќе го презентира специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која на последната прес-конференција изрази подготвеност да се појави и пред пратениците и пред Советот на јавни обвинители.