МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ СО ПОДАРОЦИ И ДЕДО МРАЗ ГИ ИЗРАДУВА ДЕЧИЊАТА НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА ЕДИНИЦАТА ЕБР

0
270

На прагот на Новата 2024 година нема ништо поубаво од тоа да се видат насмевките на децата на припадниците на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка.

Денеска во Полицискиот центар ,,Ѓорче Петров” заедно со Дедо Мраз ги израдувавме најмалите со новогодишни пакетчиња. Со децата споделивме најубави желби за Новата година и разговаравме за тоа колку е важна професијата на нивните родители во служба на граѓаните и за заедницата и ја изразив мојата благодарност и почит кон нашите храбри припадници и припаднички на специјалните сили, кои секојдневно неуморно работат за да ги зачуваат мирот и нашата безбедност. Нивната посветеност и професионалност се наша гордост и инспирација за идните генерации.

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.