ЛОГА ЈА ПОЗДРАВУВА ОДЛУКАТА НА УПРАВЕН СУД ЗА ДАМЕВА

0
340

Министерот за правда, Кренар Лога ја поздравува одлуката на Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на Весна Дамева од претседател на Судскиот совет, како незаконска со што Дамева се враќа на претседателското место во Судскиот совет.

Со ова се потврдуваат сите наводи на министерот кои во изминатиов период ги имаше за работењето и постапувањето на Судскиот совет со што се докажува дека на оваа институција и се неопходни реформи.Одлуката на Управниот суд влева надеж за враќање на довербата во институциите и почитување на принципот на владеење на правото.