АМЕРИКА ВО ШОК – ЗА ВЛАКНО ИЗБЕГНАТА КАТАСТРОФА ВО ВАШИНГТОН: КАКО ДЕСЕТИНА ПОЛИЦАЈЦИ СО ПИШТОЛИ И КЛУПИ СПАСИЈА ЛИНЧ НА СЕНАТОРИТЕ И КОНГРЕСМЕНИТЕ ОД РАЗУЛАВЕНАТА ТОЛПА!

0
1398

Сега откако поминаа 24 часа од вчерашните случувања се гледаат некои работи појасно и американската јавност е запрепастена како обезбедувањето на конгресот дозволи толпата да влезе во зградата и за влакно да биде избегнат линч на над 300 сенатоери и конгресмени кои во моментот држеа седница која ја водоеше потпретседателот Мајк Пенс.

Се чини дека поголема катастрофа спречија само 10-тина членови на личното обезбедување на потпретседателот Мајк Пенс во цивилка со своите службени пиштоли кои со клупи ја забарикадираа вратата во главната сала во конгресот и додека се евакуираа сите сенатори и конгресмени и новинари преку лифтовите во подрумите, тие пукаа кон протестантите кои се обидуваа да влезат во салата при што беше погодена во вратот една од протестантите, Ешли Бабит, поранешна воена ветеранка која прва се качи на прозорот од салата и беше смртно застрелана.

Едноставно обезбедувањето не смееше да дозволи никој да припари во салата затоа што тоа ќе беше веќе преголем ризик, едно е да влезат насилници во конгрес но сосема друго е ако загине некој сенатор или конгресмен, тоа е неверојатен скандал што досега се нема случено во американската историја. А опасноста беше да загинат сите, само еден со автоматска пушка да влезеше во салата и работата ќе беше повеќе од драматична.

(ова се припадниците на ТАЈНАТА СЛУЖБА, агенцијата која е задолжена за обезбедување на ВИП личности, во случајов Мајк Пенс, кои беа доволно присебни и снаодливи и бескомпромисни па отворија оган на протестантите и ги сопреа да влезат во салата каде беа сите над 350 конгресмени и сенатори но и Мајк Пенс)

Само едно нешто да тргнеше наопаку, да ја исклучеше некој струјата па лифтовите да не работеа или пак некој со автоматска пушка да ги ликвидираше 3-4-те бодигарди кои ја блокираа вратата и тогаш ќе се случеше таков масакар во конгресот за што САД немаше да може да се поврати наредни 10 години и најверојатно имаше опасност САД да влезат и во граѓанска војна, тоа ќе беше преголем залак за голтање дури за една светска супер сила како што се САД!

Имаа среќа и тие а богами и ние затоа што светот ќе влезеше во невиден хаос ако се случеше нешто пострашно синоќа во американскиот конгрес, сме имале среќа сите што за влакно се избегна најлошото!

Некои анализи велат дека токму присуството на потпретседателот Мајк Пенс ги спасило сите конгресмени и сенатори затоа што него го штити моќната ТАЈНА СЛУЖБА или на англиски SECRET SERVISE која е многу силно опремена и има овластувања да пука и убива се пред себе само да ги заштити луѓето за кои е задолжена па токму тие се оние кои ја заштитија вратата со клупи и ги евакуираа сите сенатори и конгресмени и токму припадник на оваа служба ја застрела протестантката која потоа почина.