МИЛЕВСКИ: ОПШТИНА БИТОЛА ДОБИ 12 МИЛИОНА ДЕНАРИ ЗА ПРОЕКТИ ОД ВЛАДАТА

0
640

⭕ Вечерва, Советот за рамномерен регионален развој одржа седница, која ја водеше вицепремиерот и претседател на Советот, Фатмир Битиќи.
⭕ На седницата беа разгледани предлог проектите од програмите на Министерството за локална самоуправа, Биро за регионален развој.
⭕ За прв пат согласно новиот Закон, општините аплицираа во програмата за урбани подрачја, како и во програмите за села и специфични подрачја.
✅ Во програмата урбани подрачја каде аплицираат општини со седиште во град, прифатени се проекти во вкупна вредност од 124.875.000 денари, од бараните над 160.000.000 денари од општините, а кои се поделени по плански региони, согласно методологијата за поделба на средства според степенот на развиеност на планските региони.
🚩 Во Пелагониски плански регион од каде што доаѓам во програмата урбани подрачја прифатени се проектите согласно методологијата на степен на развиеност во висина од 14.860.125 денари, на сите општини кои аплицираа и имаа целосни документи: Прилеп, Демир Хисар и на Крушево.
✅ Во програмата села, одобрени се вкупно 124.875.000 денари, од бараните над 210.000.000 денари, поделени согласно методологијата на поделба на средства, според степенот на развиеност на планските региони.
🚩 Општина Битола, во програмата села аплицираше со еден проект, за реконструкција на коловоз на локален пат во село Брусник, за што им се одобрени 4️⃣ милиони денари.
✅ Во програмата специфични подрачја, која согласно новиот Закон се отвори за дополнителни апликанти каде покрај општините сега можат да аплицираат и планските региони, јавни претпријатија и институции, невладини организации, научни институции и универзитети одобрени се проекти во вредност од 124.875.000 денари, од бараните 472.753.773 денари, што е потврда на големиот интерес и конкурентност на оваа програма.
🚩 Од Битола, во програмата за специфични подрачја, единствени апликации беа на ЈП “Водовод” од 2️⃣ милиони денари и на КЈП “Нискоградба” од 6️⃣ милиони денари, за набавка на механизација и теренски возила. И двете апликации се одобрени.

Фејсбук статус на министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.