УКРАДЕНА ПОМПА ЗА ВОДА ВО АРАЧИНОВО, ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ХАЛИМИ ЗБЕСНА

0
948

Градоначалничката на Арачиново, Миликије Рамадани-Халими, преку Фејсбук остро реагираше на, како што рече, кражбата на пумпата за вода во селото Мојанци. Халими вели дека е причинета голема штета, притоа барајќи од полицијата да ги открие сторителите на делото..

„Неодамна нпознати луѓе направија незамислива и многу сериозна штета. Во селото Мојанци на местото каде се реализираше проектот за водоснабдување беше украдена единствената пумпа за вода од бунарот број 2, по првата кражба каде пумпите беа ограбени. Сторителите на овие дејства им нанеле голема и небадоместлива штета на граѓаните, семејствата, заедницата и општината како целина, а исто така и на самите себе.

Од тука ви велам дека вие бескрупулозните лица ќе бидете срамота на Арачиново и исто така апелираме до сите да бидете свесни и да го ставите прстот на главата како можете да придонесете за развој и подобрување на социјалните услови и да не го уништувате општеството и идните генерации со вакви вандалски дела “, пишува Халими.