МЕЈЕР : ВЕЖБАТА „БРЗ ОДГОВОР 23“ Е ОДЛИЧЕН ПОКАЗАТЕЛ ЗА ПОСВЕТЕНОСТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
423

– Ваквите вежби помагаат во градењето на подготвеноста и унапредувањето на оперативните способности на НАТО сојузниците, рече Мејер.

Според него, силите на Северна Македонија се интегрален дел од демонстрацијата на подготвеноста и интероперабилноста, заедно со партнерите и другите сојузници.Вежбата „Брз одговор 23’“ ќе се изведува во осум земји во регионот, меѓу кои Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина. Црна Гора, Хрватска, Словенија и Косово.

Во делот од вежбата, што ќе се реализира во Северна Македонија, односно на армискиот полигон „Криволак“, во периодот од 22 мај до 2 јуни, ќе учествуваат околу 1 850 припадници на четири НАТО армии – САД, Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, како и една земја партнер, Косово.Дополнително, Армијата на Северна Македонија со околу 130 припадници ќе учествува во реализацијата на оваа вежба и во Германија, Словенија, Хрватска, Косово и Албанија.Целта на вежбата е подобрување на воените способности и интероперабилноста на сојузниците и партнерите