КАЕВСКИ : ВМРО-ДПМНЕ САКА САМО ДА ОПСТРУИРА И ДА БЛОКИРА, ОД КОРИДОРИТЕ ДО ЕВРОИНТЕГРАЦИЈАТА

0
298

ВМРО-ДПМНЕ во целиот период изминат период, не само за овој најголем инфраструктурен проект, за коридорите 8 и 10Д ја користи истата реторика ги користи сите методи и начин да опструира и да блокира, нивната интенција е ништо да не се гради во државата, да нема никаков напредок, впрочем тоа го видовме кога владееја 11 години – 11 години стагнација, истакна пратеникот на СДСМ Дарко Каевски во дебатната емисија „24 Анализа“ на ТВ24.

Каевски нагласи дека е несериозно да се става дамка на еден ваков сериозен проект и на една реномирана странска компанија само за да се блокира и опструира.Одговорноста не е само на владечакото мнозинство, неодговорно е вака, се што прави владата, без разлика дали е капитален проект, дали се евроинтеграциите, само да се кочи и тоа не само во периодов, туку овие три години, рече Каевски.

Додавајќи дека ВМРО ДПМНЕ правеа активна блокада на Собранието, во јули ширеа хистерија дека македонскиот јазик нема да постои, лажеа дека ќе има асимилација, а кога се гласаше за ФРОНТЕКС избегаа, а чесно би било да кажат дека излажаа.Ова што го гледаме е матрицата на ВМРО-ДПМНЕ. Кога случуваа договори со кинески компании, слушнавме и во бомбите, а има и постапка за тоа, дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ бараа провизии. Од таква матрица тие гледаат и сега и мислат дека само така се функционира, рече Каевски.

Со законските измени, проектот за коридорите ќе чини 150 милиони евра помалку, тоа се 150 милони причини да се донесат измените и изградбата на коридорите 8 и 10Д да заврши за 4,7 години, а не за 6, нагласи Каевски.

Пратеникот Каевски нагласи дека во државата има патишта кои се градат многу долго, како Кичево -Охрид, пред се поради промашениот проект, кој нема предвидено клучки, излези за населени места, поминува низ главниот резервоар за вода во Кичево, што бара ново проектиурање, чини многу повеќе и ја одолговлекува работата.

Од опозицијата бараат секаков начин да го опструирираат овој проект, и не само овој туку сите важни проекти и процеси да ги стопираат и блокираат, тоа е факт и реалност. Да бидат уверени дека она што е интерес на државата, она што значи прогрес, ВМРО-ДПМНЕ нема да го сопре. Ние како пратеници од владеачкото мнозинство нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да застане на патот на важни проекти, а проектот за коридорите 8 и 10Д е важен проект за државата, порача пратеникот на СДСМ Дарко Каевски во дебатната емисија „24 Анализа“ на ТВ24.