МЕДИЦИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ КОЈ ЈА ТУЖИ ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА ЌЕ БАРА НАДОМЕСТОК ЗА НИВНИОТ ВЛОЖЕН ТРУД КОИ РАБОТЕЛЕ БЕЗ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ – ЖАРКО СТЕВАНОСКИ : ВАКВО НЕШТО НЕМА НИ ВО ПРИВАТЕН СЕКТОР А НЕ ВО ЈЗУ, ОВА Е СЕРИОЗЕН СЛУЧАЈ ЗА ОЈО

0
885

По десетмесечно чекање да се реши статусот на 16 медицински лица ангажирани за потребите на ковид одделенијата во прилепската болница.

Дел од нив решија правдата да ја бараат на суд..Велат дека работат без договори за работно ангажирање и без решенија за засновано работен однос без надоместок за вложениот труд и без да бидат здравствено осигуруна..Адвокатот Жарко Стеваноски вели : Да се работи со пациенти без никаков документ е предмет за кој треба сериозно да се позанимава и Јавното обвинителство..

Медицинските сестри и болничари кои сега јавно не сакаат да говорат велат дека имаaт подршка од колегите и докторите со кои работат, ама нив покрај моралната им треба и трајно решение на нивниот проблем но и материјална подршка.. Ангажиран е и судски вештак..

Овие медицински лица инсистираат на средба со надлежните од ресорното Министерство..Кога таа ќе биде реализирана, никој точно не знае, а незнаат и од болницата кога ќе им биде одобрено овој проблем да биде решен, зашто и натаму недостигот на ваков кадар е актуелен,особено сега кога се очекува зголемено хоспитализирање од новиот бран на заболени од ковид 19, што прилеп го вброија меѓу првите три општини во земјава според бројот на жители и оној на заболени…

Извор : Канал 5