ТРАЈАН ДИМКОВСКИ : ДЕНЕСКА НА НИВНИТЕ СМЕТКИ И НА СИТЕ ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИ ВЛАДАТА ГИ ИСПЛАТИ СРЕДСТВАТА ОД ПЕТТИОТ КОВИД ПАКЕТ

0
682

Заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, ги посетивме тутунопроизводителите во село Галичани, Општина Прилеп.

Во овој регион од тутнопроизводство егзистираат околу 13 илјади семејстава.
👉Денеска, на нивните сметки и на сите останати тутунопроизводители, Владата ги исплати средствата од петиот Ковид пакет.

👉Финансиската поддршка е со вкупна вредност од 300 милиони. Се работи за поддршка од три денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од втора класа и 16 денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од трета и четврта класа.

👉На оваа финансиска поддршка и претходеше исплата на субвенции за произведен и предаден тутун во висина од 1,7 милијарди денари со што владината поддршка за тутунопроизводството во година на светска здравствена и економска криза изнесува две милијарди денари.

Фејсбук статус на Трајан Димковски.