МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКА ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО: СО НОВИ НАСТАВНИ ПРОГРАМИ ЌЕ ГИ ПОТТИКНЕМЕ КРИТИЧКОТО РАЗМИСЛУВАЊЕ, ТОЛЕРАНЦИЈАТА, МУЛТИКУЛТУРАЛИЗМОТ И ПОЧИТУВАЊЕТО НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО ОПШТЕСТВОТО

0
1077

“Денеска кога го одбележуваме Меѓународниот ден на детето сакам да напоменам дека имаме една и единствена цел: да обезбедиме образование кое ќе им овозможи на нашите деца, ученици и ученички да пораснат во граѓани и граѓанки кои научиле да ги употребуваат знаењата за личен и општествен развој. Во таа насока се и реформите кои подразбираат подобрување на условите за настава во училиштата, но и нови наставни програми, засновани на развој на критичко размислување и на вредности, како што почитување на човековите права, толеранција, мултикултурализам и еднаквост” – рече министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Таа смета дека пандемијата ни наметна многу предизвици и МОН презема конкретни чекори со кои ќе се спречи застој на образовниот систем и ќе се заштити менталното здравје на учениците.

“Свесна сум дека сите минуваме низ исклучително тежок период во пандемија, поради што МОН посветено работи на зајакнување на стручните служби во училиштата, да одговорат на вашите барања за заштита на менталното здравје. Вложуваме максимални напори за континуитет училиштата да останат безбедни и отворени” – рече министерката Царовска.

Според неа, веќе започна имплементација на реформските процеси во основното образование и со тоа се забрза модернизацијата на образовниот систем.