(МЕГА ФОТО ГАЛЕРИЈА) ЕВЕ БЕ ВМРОВЦИ ЕВЕ ГИ СИТЕ 750 КИЛОМЕТРИ РЕНОВИРАНИ ПАТИШТА ОД СТРАНА НА ВЛАДАТА НА ЗАЕВ, ГЛЕДАЈТЕ И ПЛАЧЕТЕ!

0
1500

1. Еве ги првите 10 километра, Куманово – Свети Николе

Јавно претпријатие за државни патишта

Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Р1204, делница Куманово – Свети Николе, со должина од 10 км и вредност од 1,2 милиони евра. Средствата се обезбедени преку Светска Банка.

2. Еве уште 20 километра, Тетово – Попова Шапка, значи досега имаме 30 километра реновирани патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Р1209, делница Тетово – Попова Шапка, со должина од 18,2 км. и вредност од 1,7 милиони евра. Средствата се обезбедени преку Светска Банка.

3. Некој си пат Калуѓерец – Растеш, бог мил знае кај е ова, но ете уште 7 километри, значи досега имаме 37 киломоетра реновирани државни патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

Завршена е рехабилитацијата на државниот пат Р2132, делница Калуѓерец – Растеш, со должина од 7,4 км и вредност од 38,00 милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

4. Транзитет пат низ Делчево, должина 4 километра, значи досега имаме вкупно 41 километар реновирани државни патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

Завршена е рехабилитацијата на државниот пат А3, Транзит низ Делчево – лев и десен коловоз, со должина од 3,90 км. и вкупна вредност од 27,50 милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

5. Еве уште еден реновиран пат, Младо – Нагоричане до Пелинце, српска граница, должина 10 километри, значи досега имаме 47 километри реновирани државни патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Р1207, делница Младо Нагоричане – Пелинце, со должина од 10 км и вредност од 1,2 милиони евра. Средствата се обезбедени преку Светска Банка.

6. Ова е мало патче, 3 километра, Макази – Ресен, ама секој пат е важен и се брои. Значи засега имаме 50 километри реновирани државни патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

Завршена е рехабилитацијата на државниот пат А3, делница Макази – Ресен, со должина од 2,70 км и вредност од 28,36 милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

7. Е ова е веќе капиталец, Велес – Градско, должина 20 километра. Значи досега имаме 70 километра реновирани државни патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

Завршена е рехабилитацијата на државниот пат А1, делница Велес – Градско, со должина од 20,2 км и вредност од 57,00 милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

8. Пат Струмица – Радовиш и Василево – Добрејци, вкупно 7 километра, значи досега имаме 77 километра реновирани патишта во земјава.

Јавно претпријатие за државни патишта

Завршена е рехабилитацијата на државниот пат А4, делница Радовиш – Струмица и Р1403 делница Василево – Добрејци, со должина од 5,70 км и вредност од 46,10 милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

9. Колари – Кичево, 11 километри. Значи досега имаме 88 километри реновирани државни патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

Завршена е рехабилитацијата на државниот пат А2, делница Колари – Кичево, со должина од 11,40 км. и вредност од 85,50 милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

10. Пат околу Гостивар, 5 километри. Значи досега имаме 93 километри реновирани патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

Завршена е рехабилитацијата на државниот пат А2, делница Гостивар (мост кај село Здуње) – Гостивар (НС), со должина од 4,58 км. и вредност од 32,00 милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

11. Изграден нов мост на Луда Мара во Кавадарци и реновиран мост на Вардар кај Неготино

Јавно претпријатие за државни патишта

Завршени проекти:

– Изведба на мост бр.5 на р.Луда Мара на Државен пат Р1107

– Санација на мост над река Вардар на регионален пат Р1103, делница Лакавица – Неготино (Пепелиште)

12. Крупиште – Пробиштип, 18 километри. Овој пат е при крај и ќе се заврши во јуни, значи може да го собереме и него па досега имаме 111 километри реновирани државни патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

March 23 · 

Реконструкција и рехабилитација на државен пат Р1205-секција: Крупиште –Пробиштип, во должина од 18 км, вредност 3,46 милиони евра.

12. Раброво – граничен премин Дојран, 22 километри, значи досега имаме 133 километри реновирани државни патишта.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов и градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов, извршија увид во рехабилитацијата на државниот пат Раброво-граничен премин Дојран, инвестиција вредна 830 илјади евра, средства обезбедени од ЈП за државни патишта.

13. Возарци – Фариш, Прилепско, 9 километри, значи вкупно досега имаме 142 километри реновирани државни патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

ГРАДБИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ

Китанов-Сугарески: „Привршуваме со асфалтирање на патот од Дреново до Фариш, еден од најзначајните патни правци кон Прилеп и регионот”

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов извршија увид во рехабилитацијата на државниот пат А1 делница, врска со 1103 (Возарци)–Раец-Фариш. Вредноста на делницата е 1,56 милиони евра финансирани од ЈПДП, со должина од 9,1 км, и ширина од 6,7 метри.

Дополнително, комплетно ќе се рехабилитира целиот патен правец до Прилеп, инвестиција преку десетина милион евра, а следува и распишување на тендери за рехабилитација на преку 140 километри патишта во Пелагонискиот регион.

14. Крива Паланка – Ранковце, 21 километар, значи досега имаме 163 километри реновирани државни патишта

Јавно претпријатие за државни патишта

ГРАДБИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ

Китанов: „Се работи на последните 2 км од вкупно 21 км од рехабилитацијата делницата Ранковце – Крива Паланка”

Рехабилитацијата на магистралниот пат А2, делница Ранковце – Крива Паланка е во завршна фаза. Денеска увид во градежните работи изврши директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов кој на лице место се увери дека во моментов се работи на последните 2 км од вкупно 21 км. и ширина од 6 м. во вредност од 2,59 милиони евра.

Во завршна фаза е поставување на комплетна вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, како и монтажа на еластична одбојна ограда. Исто така, во моментов се работи на изградба на нови асфалтни риголи со ширина од 75 цм од двете страни на патот, санација на постоечките цевасти и сводести пропусти влезно и излезни глави и поправка на експонираната површина на плочестите пропусти и малите мостови со репарирачки малтер. Се очекува комплетно завршување на активностите до крајот на месецот.

15. Прилеп – Тополчани, 15 километри, значи досега имаме 179 километри реновирани државин патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

ГРАДБИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ

Сугарески и Китанов на увид на завршните активности на поправката и рехабилитацијата на регионалниот пат Р1101 делница, Прилеп–Тополчани– Битола, во должина од 15,5 км и вредност од 1,05 милиони евра. Ова е многу значаен пат за регионот во Прилеп и Прилепско.

16. Лабуништа – Јабланица, 16 километра. Значи досега имаме 195 километри реновирани патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

April 27 · 

ГРАДБИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ

Рехабилитација на државен пат Р2241 делница, врска со државен пат Р1201-Лабуништа-Боровец-Јабланица

Должина: 11,80 км.
Ширина: променлива од 4 м до 6 м.
Вредност: 45,07 милиони денари.

Активности: Набавка, транспорт и изработка на завршен асфалт бетонски слој АБ16 дср=5см; изработка на банкини со механичка стабилизација од тампонски материјал Дср 5 и Дср 10 см; обележување на асфалтна површина со патарска рефлектирачка боја и др.

17. Удово – Смоквица, 6 километри, значи досега имаме 201 километар реновирани државни патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

April 22 · 

ГРАДБИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ

Поправка и рехабилитација на државен пат А1 делница, Смоквица – Удово и Р1401 делница, врска со државен пат Р1105- Брајковци-Балинци-Марвинци-врска со државен пат А1

Должина: 6.10 km.
Ширина: од 6м до 8м
Вредност: 46.30 милиони денари

Активности: асфалтирање на завршен слој асфалт АБ16с со дебелина од d=5cm врз претходно истругана, обеспрашена и испрскана со емулзија подлога; изработка на банкини.

18. Сопиште – Долно Соње, 4 километра, значи досега бројката стаса до 205 километри реновирани државин патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

April 17 · 

ГРАДБИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ

Поправка и рехабилитација на државен пат Р2134 делница, Сопиште – Долно Соње

Должина: 3,7 км
Ширина: променлива од 5,5м, со проширувања во кривини до 9м.
Вредност: 13,65 милиони денари.

Активности: стругање на постоечки асфалт и асфалтирање на изгребена површина;
расчистување на трасата и машинско кресање и чистење на постојни банкини; предвидена е банкина во ширина од 1м од двете страни на патот; предвиден е завршен слој на асфалт АБ11 со дебелина од Дср=5см.