КИРИЛ ПЕТКОВ ГО ТУЖИ БОЈКО БОРИСОВ ЗА КЛЕВЕТА, БАРА ОШТЕТА ОД 250.000 ЕВРА

0
504

Поранешните премиер на Бугарија, Кирил Петков и Бојко Борисов се докажуваат на суд. Копретседателот на Продолжување со промените, Петков го тужи лидерот на ГЕРБ Борисов за половина милион лева (250.000 евра), јави дописникот на МИА од Софија.

Жалбата што Петков ја поднесе во Окружниот суд во Софија е за клевета во врска со коментарите на Борисов во последните денови.

Според Петков, „Борисов е докажан лажго“, давајќи пример за неговите лаги за посредници, за провизии, клевети кои постојано насекаде ги кажува против него.

По повод одлуката на Управниот суд во Софија, со која апсењето на Бојко Борисов на 17 март беше прогласено за незаконско, Петков коментираше дека многу луѓе се разочарани што тој се уште е на слобода.