ЕБАТИ ТРАГЕДИЈАТА : На ДОЛГОТО РАЧЕ од Двојче Талески ќе му суди „сваровски“ судијката Лидија Петровска

0
1990

Кривичниот суд го одобри обвинителниот акт за случајот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство против 21 лице, меѓу кои е градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Предметот е распореден кај судијката Лидија Петровска, чие име се споменуваше во прислушуваните разговори што ги објави опозицијата. Во јавноста е позната како „сваровски“ судијка бидејќи според разговорите, за своето унапредување купувала накит на претседателката на Врховниот суд, Лидија неделкова.

 Петровска е судијка и во случајот „Тврдина 2“, што исто така го отвори СЈО, За фалсификување на  документи со кои се прикрило уништувањето на опремата.

Терминот за за одржување на главна расправа се уште не е закажан. Талески се товари за малверзации со превозот на ученици во Битола.

Извор: телевизија 24