(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Граѓанското здружение „Сите заедно можеме” продолжува со хуманитарните акции ширум земјава

0
685
Граѓанското здружение „Сите заедно можеме” продолжува како и до сега со хуманитарните акции,

Свесни дека глобална пандемија со коронавирусот предизвика последици врз економијата и погоди многу наши граѓани, во духот на солидарноста, овде сме да им помогнеме на најпогодените, на ранливите категории, но и сите оние кои им е потребна помош.  После акциите за донација на хуманитарни пакети за категорија на ранливи групи на граѓани, започнуваме со реализација на уште една хумана помош за граѓаните кои се наоѓаат во Казнено поправните домови и установи.
Знаеме дека држава обезбедува услови за овие наши сограѓани, но сметаме дека во ова време помошта им е неопходна и на нив.

Хуманитарната помош вклучува пакети со  средства за лична хигиена и одредена количина прехранбени производи. 
Нашата цел е да опфатиме што повеќе Казнено поправни домови и установи а помошта ќе ја реализираме како и досега, согласно сите процедури и мерки за заштита на здравјето.

Солидарноста и меѓусебното помагање се нашата водилка.
Тука сме за сите граѓани, тука сме да помогнеме.
Сите заедно можеме.