МАРИЧИЌ : ДПМНЕ СВОИТЕ ПОЗИЦИИ ДА ГИ ОСТАВИ ВО РЕАЛНИ РАМКИ, СО ДИЈАЛОГ ДА ДОЈДЕМЕ ДО РЕШЕНИЕ ШТО ЌЕ ЈА ВОДИ ДРЖАВАТА НАПРЕД

0
567

Очекувам ДПМНЕ своите позиции и стави во реални рамки, за тоа што со поставување на невозможни услови не можеме да дојдеме до решение, изјави денеска во интервју за Телевизија 24, секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ.

„Никој не може да се постави во позиција да биде против својата држава и против евроинтеграциите, ќе апелираме и ќе разговараме со секој пратеник. Секоја политичка партија треба да преземе свој дел од одговорноста затоа што ова не е работа, не е задача само за мене како министер, како вицепремиер, за премиерот за Владата било кој поединечно, ова е задача која што нас треба да не  одведе во наредна фаза на преговори. Го знаете искуството со Грција кое ни покажува дека секое чекање и одлагање ни носи повеќе проблеми и полоша, а не подобра позиција. Јас сум сигурен дека уставните измени доколку не се случат сега, наредната можност ќе биде кој знае кога и наредната можност ќе биде по многу повисока цена дека темите на кои што ќе се разговара за уставни измени ќе бидат многу пошироки од овие што се сега само по мене се навистина технички, односно продолжување на низата на заедници во преамбулата“ посочи Маричиќ.

Тој додаде дека се очекува продолжување на дијалогот со ДПМНЕ и дека првата лидерска средба довела до приближување на ставовите.