МЕГА БОМБА на Сашо Ордановски: Ќе играат пиштоли во ВМРО-ДПМНЕ – Фамилијата не може да постигне, не може воздух да земе од префрлање наши пари по приватни сметки во странство!

0
1668

Аналитичарот Сашо Ордановски во својата најнова колумна за „Слободен печат“ открва интересни пикантерии за бизнис судирит и превирања во ВМРО-ДПМНЕ:

Работата во ДПМНЕ, да знаете, е стигната до вадење пиштоли. Не, не се работи за недоразбирања од идеолошка или од политичка природа, или за возбуда заради уривањето на правниот и уставниот поредок на земјата. За тоа во ДПМНЕ владее Нирвана. Причините се поедноставни: се работи за пари. Многу пари.

Имено, моите извори од владејачкото подземје – читај: врвот на партијата – ми велат дека револуционерната организација во последните месеци е длабоко поделена на две бизнис крила: едното, кое со години живее од директно цицање на државниот Буџет; и другото, кое со години живее од индиректно цицање на Буџетот, со добивање работа од овие што директно го цицаат Буџетот. Така, во последната половина година, од милионите што се крадат од буџетските извори од десетина компании околу врвот на партијата, сé помалку пари и со сé поголеми доцнења се префрлаат (односно, воопшто не се префрлаат) кон партиските локални бизнис-пајташи. Како што ми велат, скопското бизнис крило во партијата е под силен притисок на „подизведувачката“ партиска бизнис структура од Штип, Битола, Охрид, но и од помали фирми во Скопје… Додека секојдневно милиони евра се позајмуваат на пазарот на државни обврзници и – логично, пред падот на режимот – приватно се  префрлаат во странство, помалите партиски компании, наводно, се на работ на пропаст заради ненаплатените долгови од неколкуте партиски бизнис-буџовани. Повторно наводно, и самиот Груевски во неколку случаи бил повикан да арбитрира околу поделбата на пленот. Без видливи резултати.

Колумната ОВДЕ