ПЦЕР: Лихвар со помош на судии од Апелација-Гостивар заработувал куќи и станови

0
999

Партијата за целоснаеманципација на ромите ПЦЕР и лидерот Самка Ибраимоски реагираат по поплака на граѓани дека лихвар со иницијали С.Н. од Гостивар, има земено неколку куќи Ромски. Со мал износ на пари им ги земал со камата која сам ја одредувал, но по тужби на граѓаните кој тужеле во Тетовскиот суд и судот во Тетово досудил во полза на граѓаните да ги вратат парите со законска камата од НБ, но Лихварот во соработка со судиите од Апелациониот суд кој предметот го држеле подолго време и пресудата на Тетовскиот суд ја преиначиле во полза на лихварот од Гостивар инаку поранешен жителна село Брвеница.

Таквата пресуда му ја овозможиле судиите од Апелација В.С,Б.М,Л,К и З.Т но не само за овој предмет има и други предмети на овој тим на судии кој упропасти многу граѓани, меѓу кој и едно македонско семејство со иницијали Б.С. исто така преиначена пресуда од страна на истите судии меѓу кои едниот е најголемиот организатор на вакви слични пресуди познат во Полошкиот регион.

Но ние како партија вече ги информиравме надлежните институции, кој треба да реагираат на ваквите лихварски заработувања.