МВР ПРИВЕДЕ 24 ГОДИШЕН СЕЛЈАК СО БМВ КОЈ ПОМИНАЛ НИЗ РАДОВИШКОТО ШЕТАЛИШТЕ

0
890

Во врска со случајот пренесен преку видео снимка објавена на социјалната мрежа „Тик-Ток”, во која едно лице влегува на плоштадот со своето патничко возило „БМВ“, полициски службеници од ОВР Радовиш денеска (03.01.2021) во 15.00 часот во полициска станица Радовиш го приведоа Т.К.(24) од Радовиш, кој бил идентификуван како возач на патничкото возило од снимката.

Тој, на 30.12.2020 околу 22.00 часот на ул.„22 Октомври“, пред угостителски објект, со своето возило преминал преку површина наменета за пешаци (шеталиште) и постапил спротивно на поставен сообраќаен знак за ограничување на движење на возило. По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 124, став 3, како и член 187, став 6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.