Црни Грујо и Гоца Бесни Брк денеска треба да се појаваат пред Анкетната комисија за прислушувањето

0
958

Пред Анкетната комисија за прислушувањето денеска за прв пат како сведок треба да се појави премиерот Никола Груевски. Поканета е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

На досега закажаните сослушувања не се појавија министерот за финасии, Зоран Ставрески, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и Мартин Протуѓер. Само Груевски и Ставрески побараа презакажување на претходно утврдените термини на претседателот на комисијата Петре Шилегов. Премиерот од 9 декември го презакажа присуството пред Анкетната комисија за денеска, а Ставрески од 10 декември побара сведочењето да биде на 17 декември. Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески би требало да дојде во Собранието утре. Сашо Мијалков и Мартин Протуѓер не се појавија на закажаните термини, ниту пак побарале промена на распоредот.

Груевски, Ставрески и Јанкуловска се предложени сведоци од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а Протуѓер, Мијалков и Јанакиески се предложени на листата од СДСМ.