АУУ, ШАХ МАТ ОД ЗАЕВ ЗА МИЦКО: Ако опозицијата ги бојкотира претседателските избори, Џафери ќе ја врши функцијата, па ќе се смени Уставот и претседател ќе се бира во Собрание!

0
1199

Власта ги разгледува сите опции за претседателските избори кои треба да се одржат на пролет. Едно од сценаријата е опозицијата да ги бојкотира изборите за да не се постигне потребниот цензус од 40%.

Како што брифираат високи владини извори, при вакво сценарио, функцијата претседател на државата ќе ја преземе актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери, согласно Член 82 од Уставот каде стои следното „во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката ја врши претседателот на Собранието“.

Вториот мандат на претседателот Ѓорге Иванов завршува во мај, со оглед на тоа што тој на 12 мај 2014 го презеде вториот мандат, по вториот круг на претседателските избори кои се одржаа на 27 април. Претседателскиот мандат трае 5 години.

Веднаш потоа Владата ќе поднесе предлог за нови уставни измени со кои претседател на државата нема веќе да се избира на избори туку со гласање во Собранието.

Засега нема официјална најава од опозицијата дека се подготвува за бојкот, но владини извори велат дека постојат вакви гласини па затоа го разработиле и ова сценарио.

Инаку, цензусот за избор на претседател на државата е 40 отсто, односно потребна е излезност од најмалку околу 720 илјади гласачи.

Колку за потсетување на референдумот за името на кој ВМРО-ДПМНЕ не повика на гласање, односно како што кажа Мицкоски секој требаше да одлучи по сопствена волја, излегоа 666.344 гласачи, односно 36,89% од запишаните избирачи.