МАРИЧИЌ ОД СКАУТ КАМП СТРУГА : ИНВЕСТИЦИЈАТА ВО ВИСТИНСКИТЕ ПРОЕКТИ ОТВОРААТ МОЖНОСТИ ЗА МЛАДИТЕ И ЗНАЧИТЕЛНО ДОПРИНЕСУВААТ ЗА ПРОМОЦИЈА НА ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ ВО ОПШТЕСТВОТО

0
343

Заменикот претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес продолжува со активности во рамки на кампањата Ние сме Европа.

Вицепремиерот Маричиќ го посети кампот Скаут Камп Струга, каде што се инвестирани средства од ЕУ во соработка со Владата, со што спроведен е проектот „Младински авантуристички туризам“ кој донел повеќе придобивки за општеството и за младите.

Со цел зголемување на социјалните и економските придобивки за локалното население во Струга, се зголемил сместувачкиот капацитет на Извидничкиот Одред Крсте Јон, што резултира пак со зголемен број на туристи во регионот.

„Новата и единствена понуда за млади туристи, извидници, авантуристи и патници со ограничен буџет привлекол зголемен број на посетители во Струга. Зголемената понуда за транзитни туристи со ограничен буџет, особено за патниците од и кон Албанија, како и бројни авантуристи, велосипедисти, планинари, организирани младински и извиднички групи го активираа кампот, регионот и на македонскиот туризам му дадоа друга димензија.

Струга и извидничкиот камп станаа препознатливи како главна туристичка атракција за млади, активни туристи и претставува единствена дестинација за извиднички активности, настани и собири на извиднички сојузи од Европа.“

Со вкупен буџет од 17 милиони денари, од кои 15 милиони денари се финансирани од Европска Унија и Владата на Република Северна Македонија, а приближно 2 милиони денари се обезбедени од ИПО Крсте Јон Струга, со што се спровеле различни активности.„Придобивките од проектите на европската унија се многубројни, реални и даваат вистинска слика за тоа каква иднина може да создаваме за идните генерации.“

Како резултат од инвестициите и активностите, бројот на гости се зголемил за 300% во периодот од 2020 година до годинешната сезона, со фокус на младите и странските посетители. Кампот Скаут во Струга станува препознатлив како главна туристичка атракција за млади, активни туристи во текот на целата година, со уникатни сезонски активности истакнува Маричиќ. ​