MR.BEAN ВО БЕЛАТА ПАЛАТА

0
813

Се сеќавам, имаше еден скеч со Mr.Bean.  Во црква се одвива миса и за време на пеењето, во моментот кога доаѓа рефренот тој громогласно се дере нагласувајќи го зборот „Алелуја“. Ги надвикува сите, за да го забележат дека е певац јак, додека, за останатиот дел од текстот на песната тивко си мрмори, се преправа демек пее; врска нема што изговара битно учествува. A што се брука, нема везе.

Оваа сцена страшно многу ме асоцира на тоа како пеат и во ВМРО-ДПМНЕ. Толку се гласни, на пример, во „ДЕТЕКТИРАЊЕ“ на криминали на секој чекор и во секоја ситуација, што пиштат – вриштат на ниво на примален крик за да од нивна страна утврдени кривични дела – само они ги препознаваат во милисекунда, но, никогаш во врска со тоа немаат ниту една поднесена кривична пријава поткрепена од нивните детективски активности!

Или ако има по некоја, таа е тотално промашена – како напр. oнаа против Џабир Дерала

Дојдат ли до микрофон – готово ! – го крадат подиумот и следи рафал од “криминална стигматизација” на се живо и диво што не е “од нивна”– од ВМРО.

И сè е така гласно и јасно кога си праиме бајрам на паметот, па си претпоставуваме, си преувеличуваме, си измислуваме. Исто и како Mr.Bean кога се дере на зборот “Алелуја”. Но, штом се судрат со реалноста, почнува мрморењето, муц – туц, д’ткање, и пази богати: процесот против Тодоровиќ бил притисок заради уставни измени?! Па било освета ?! Господе боже, каков епски прес од вемерото.

За Скопје 2014 и врапците на гранките знаат дека беше пералница на пари од најдолен вид. И фала богу што конечно некој се зафати да го прочешла! Во спротивно ќе мислевме дека има дил. Сега гледаме дека немало.

Но во Дпмне, мислам време е да не се занесувате до толку со алелујата, зашто 8 години чекаме еднаш барем тивко да шепнете и да ги осудите криминалците кои не покрадоа во секој смисол и материјално и духовно и всушност голем дел од животот ни покрадоа! Наспроти тоа, како повтарачки папагали репетирате нон – стоп едно те исто: корупција и криминал, тоа па тоа, а како киша око Крагуевац го заобиколувате ОЈО. Па пратете ги тие детективски сознанија до соодветната институцаија. Аман.

Или, со вашето негирање на обвиненијата кои верувам дека се поткрепени со доволно докази, затоа што е покрената законска постапка против истите, дефинитивно само ни најавува со какви намери сте и кои се основните ваши мотиви – ВМРО ДПМНЕ: да владеете и тоа во екстремно затворен свет, авторитарен, лукративен, исклучувачки и назаден.

ОЈО многу убаво образложи, дотолку повеќе што укажа и на меѓународна правна помош за конкретниот случај, што претпоставувам со оглед на обемот на пљачката бара и подолга и поопсежна анализа

И сета оваа мегафонска реторика, е само за фотељче, и врска нема со иднината на државната

Видовме колку Ви значат вредностите кои ги „БРАНИТЕ” и законитоста и правдата (случајот Кежаровски), и медиумски слободи (Латасовиќ и компанија) и човековите права и слободи ( Бате Саше и компанија) и владеењето со државата (Грујо и компанија), националните интереси и јазикот (Хер Флик и компанија) и да не набројувам понатаму во искривените лажни вредности за off shore идеите на (Лигња и и компанија).

Осет немате ни за држава ни за иднина.

Ана Чупеска