ВРАБОТЕНИТЕ НА ЕВН ТРЧАА ЗА ДОБРОТВОРНИ ЦЕЛИ

0
332

Околу 400 вработени во ЕВН учествуваа во добротворната трка што ја организира ЕВН Македонија. Учесниците кои доброволно се пријавија за учество, истрчаа 1720 кругови, собирајќи средства кои ќе бидат донирани за децата од ранливи категории.Со секој поминат круг се зголемуваа паричните средства, што беше дополнителен мотив вработените да го зголемат бројот на истрчани кругови. За секој поминат круг се собираа средства за однапред избрана добротворна цел во секоја од четирите држави, па оттука повеќе поминати кругови значи и повеќе средства.

„ЕВН – трча“ е една од активностите ка компанијата која е дел од пошироката платформа за општествена одговорност, преку која компанијата дава придонес за развој на општеството и градење на одржливост. Настанот „ЕВН – трча“ се организираше за прв пат во 2017 година, а досега сите собрани средства се донираат на различни ранливи групи.Оваа хуманитарна трка на ЕВН Групацијата е интернационална, па освен вработените од ЕВН Македонија, трчаа и ЕВН вработените од Австрија, Хрватска и Бугарија, кои исто така ги донираа средствата во добротворни цели.